Пет нови правила за здраво срце

Пет нови правила за здраво срце


Total Shares 0

Ова откритие од област на кардиологија ќе направи крвта да ви тече низ крвните садови подобро од било кога.
Дали срцевите заболувања се ваша судбина? Бидејќи повеќето мажи умираат од срцеви заболувања тоа не е исклучено. Сепак во 21 век тоа не мора да биде така. Науката откри некои сосема посигурни стратегии не само за лекување на вашето заболено срце туку туку и за спречување да дојде до срцеви проблеми воопшто.
Освен тоа новите откритија кои го унапредуваат нашето знаење се појавуваат секојдневно. Наш совет: Однесувајте се во сооднос со новите знаења. Шеесет проценти од младите созреани мажи кои се придржуваа кон овие правила, јадејќи здрава храна, контролирајќи го својот индекс на телесна тежна, вежбајќи и избегнувајќи пушење како и претерување со алкохол, одржаа ниско ниво на ризик од срцеви заболувања, длабоко во своите средни години се открива во новото истражување направено на Универзитетот Нортвестерн.

Во групата која ги игнорирала овие правила, помалку од 5 проценти останале во категоријата со низок ризик. „Вашата околина и одлуки кои ги правите во животот имаат големо влијание врз овој ризик од генетика“ вели доктор Доналд Лојд-Џонс автор на студијата и претседател на Одсекот за превентивна медицина на Нортвестерн. „Тоа важи и за одлуките кои сте ги направиле уште во младоста и раните зрели години“.
Ставивме прсти на пулсот на најновите кардиолошки истражувања за да откриеме кои нови пристапи можат да имаат најпозитивен впечаток на вашето кардиоваскуларно здравје. Само следете ги советите на нашите професионалци и ќе останете доживотен член на Клубот со низок ризик.

Појдовна точка: Проценете го својот ризик
Во минатиот век научниците се обиделе да пронајдат формула за пресметани ризици од болести на срцето. Најчесто се користи Framingham Heart Model алгоритам кој во предвид ја зема староста, крвниот притисок, холестерол и уште некои варијабили. „Ако знаете некои од овие вредности, можете на интернет да пресметате најмала рамка на ризик“, вели доктор Мајкл Стајнмен, асистент на Универзитетот Калифорнија и Сан Франциско.
Ново правило: проширете ја еднаквоста. Новите истражувања покажуваат дека Framingham Heart Model има извесни ограничувања: оваа формула не го зема в предвид постоењето на срцевите заболувања во семејството, животен стил и индекс на телесната тежина. Според неодамнешното истражување објавено во весникот BMC Medicine околу третина од срцевите заболувања се јавуваат кај личности кои вообичаени модели за предвидување се сместуваат во групата со низок ризик. Затоа ако користите некои од моделите присутни на интернет не потпирајте се премногу на нив додека со својот лекар не го дополните резултатите од анализата на семејна историја на болеста, како и вашиот животен стил, односно лоши навики како што е пушење или претерано консумирање на алкохол.
Освен тоа бидете внимателни ако го користите Framingham model на интеренет може да најдете повеќе варијанти. Постои покомплексен модел заснован на на сложени формули и едноставни засновани на на бодирање. Студијата која Стејнмен и неговите соработници ја спроведоа во 2010 год. покажала дека системот заснован на бодирање е помалку сигурен бидејќи 17 проценти од пациентите завршиле во различни групи од онаа во која ги сместил моделот заснован на формули. „За некои пациенти кои се наоѓаат на граница, ова може да биде од големо значење бидејќи одредува колку агресивен третман им е потребен“ вели доктор Стајнмен.
Појдовна точка: тренинг со интервали
Пливање, трчање, возење велосипед се се тоа одлични вежби за вашето срце. А вклучување на период супер напорен тренинг во својата кардио-рутина (т.е интервален тренинг во моментот кога вашиот пулс се крева повеќе од 90 проценти од максималниот) во текот на времето дополнително ја зголемува ефикасноста на на срцевата работа. „Така ќе ги натерате митохондриите во своите ќелии на зголемена работа па ќе се адаптираат на зголемено ниво на активности“ вели доктор Конрад Ернест директор на отсекот за вежби по биологија на Центарот за биомедицински истражувања Пенингтон во Батон Руж во Луизијана. Интервалниот тренинг го зголемива минутниот волумен на срцето како и неговата ефикасност која се изразува како максимално превземање на кислород односно VO2 max. Последиците се огроми по интервалниот тренинг кај учесниците во студијата објавена во 2010 год. во весникот Journal of Sports Medicine забележан е просечен пораст на минутниот волумен на срцето за 23 проценти а VO2 max. за 17 проценти. „Личности со зголемен VO2 max имаат помал ризик да заболат од срцеви и метаболички заболувања“ вели Ернест.
Ново правило: не ги заборавајте теговите. Може да имате дополнителна корист ако во својата рутина уфрлите и вежбање со тегови вели Ернест. Истражување објавено во 2010 год во весникот Journal of Strenght and Conditioning Research покажало дека дигањето на тегови ја подобрува циркулацијата во екстремитетите, што ја олеснува работата на срцето.
Студијата открила дека намалување на крвниот притисок по вежбањето трае подолго по дигање на тегови отколку по кардио тренинг. Научниците веруваат дека е подобрен протокот на крвта како последица од подобрување на ендотелната функција која претставува мерка за здрави крвни садови. Кога вежбате со тегови користет т.н кружен тренинг при што наизменично ги вежбате различните мускулни групи со минимален одмор помеѓу нив. „Кружен тренинг дава силен циркулаторен одговор“ вели Ернест.

Појдовна точка: намалете го нивото на холестерол.
Манџа од овес, јачмен и psilijum (vrsta bokvice) се богати извори на растворливи влакна кои помагаат во намалувањето на холестерол. Овес и јачмен содржат бетаглукони, растворливи влакна кои намалуваат LDL холестерол така што го спречуваат неговиот премин во крвоток. Psilijum кој може да се најде во житарици и суплементи со влакна, намалува LDL бидејќи зголемува жолчната киселина, дигестивниот сок кој настанува точно од холестеролот.
Ново правило: додадете домати. Добро не мора баш во манџа од овес. Но испијте барем една чаша сок од домати на ден. Доматот е богат со ликопен, хранлива материја која го намалува производството на ЛДЛ холестерол во организмот. Студијата објавена во списанието British Journal of Nutrition покажала дека кај личностите кои во тек на три недели секојдневно пиеле чаша и половина сок од домати и јаделе по две лажици кечап, дошло до намалување на нивото на нивото на LDL холестерол за во просек околу 8,5 проценти.

Кога избирате кечап и сок од домати, обрнете внимание на содржината на солта, одберете ја помалку солената можност затоа што го покачува крвниот притисок.
Појдовна точка: Контролирајте го нивото на стресот
Шеесет работни часови неделно може да ве прати право во брза помош. Во истражувањето објавено во списанието Stress научниците го мереле нивото на хормонот стрес кортизол и примероците од коси на 50 мажи хоспиталиизрани поради срцев удар и ги споредиле примероци од 56 мажи кои во болница биле поради друга причина. Во текот на трио месеци пред земањето на примероците пациентите заболени од инфаркт на срце имале една третина поголемо ниво на кортизол од оние од контролната група. „Живееме во свет на стрес“ вели доктор Џонр Рејти асистент на психијатрија на Медицинскиот факултет Харвард универзитет. „Луѓето денеска работат повеќе од било кога“. Ако ви се чини дека од стрес ќе ви пукне главата, качете се и спуштете се низ неколку степеници три пати. Оваа мала вежба ќе ги ослободи хемикалиите кои ќе го смират вашиот мозок па ке бидете посконцентрирани кога ќе се вратите на работната маса.
Ново правило: оддалечете ја тагата. Стресот може да ве убие, но тоа може да го направи и депресијата (минатата но и сегашната) го зголемува ризикот за срцево заболување повеќе отколку генетските фактори или фактори на околината. „Овој зголемен ризик веројатно произлегува од зголемена инфламација која ја предизвикува некое ментално пореметување“ вели доктор Предиман К. Шах, советник во Men’s Health и директор на Центарот за истражување на атеросклерозата Openhajmer, Медицински центар Сидар-Синај. Побарајте помош за својата глава и ќе му помогнете и на своето срце. Кај личностите кои земале SSRI, вид на антидепресивите дошло до подобрување на крвниот проток како последица на намалено соединување на тромбоцитите се наведува во студијата направена во 2010 година во Медицинскиот центар на универзитетот Лојола.

Појдовна точка: направете тест за проверка на крвта.
Статини се златен стандард за наламување на холестеролот. Според студијата објавена во списанието кога British Medical Journal личности со ризик од срцеви заболувања, статини можат да ја намалат можноста од инфарткт дури за 30 проценти.
Суштината е во тоа го изберете вистинскиот момент за да поченете да пиете таблети. „За луѓето со граничен холестерол, ситуацијата е прилично нејасна“ вели доктор Majkl Blejha кардиолог од универзитетот Џонс Хопкинс. Многу луѓе користат маркер на инфламација, C реактивен протеин (CRP) за да одлучат кога е вистински момент за да се започне со терапија. Вашето тело произведува повеќе CRP-а кога постои запаление на организмот, како на пример она предизвикано акумулирање на колестеролски плочи во артериите поради високиот холестерол.
Ново правило: разгледајте и CT скенирајте. Главен проблем со CRP- от е што холестеролот не мора да биде единствен па дури и главен предизвикувач на инфламацијата во организмот. Артритис или инфекција на синусите на пример исто така предизвикува пропаст на CRA вели доктор Blejha. Минатогодошното истражување чиј коавтор беше тој покажало дека ако имате гранични LDL холестерол и зголемен CRP би требало да разгледате уште една сијагностичка процедура CT скенер. На тој начин вашиот лекар со сериозност ќе може да утврди дали е зголемување на холестерол во артериите ваш главен проблем. Оваа студија покажала дека многу поациенти на кои им се припишани статии воопшто немаат потреба за тие лекови.
Ако ни ова испитување не покаже дека статини безусловно ви се потребни лекарот може да ви даде 6 месеци да се обидете да го смалите холестеролот со исхрана. Ако е така вратете се на делот од тексот за намалување на холестеролот и потрудете се да го намалите без лекови. Што чекате времето лета…

Total Shares 0

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD