Парацетамолот е неефикасен во третман на болка при остеоартритис

Парацетамолот е неефикасен во третман на болка при остеоартритис


Total Shares 4

Во светот, 9.6% од мажите и 18% од жените на возраст од 60 години имаат остеоартритис. Тој претставува најчеста причина за појава на болка кај постарите луѓе и може да ја намали физичката активност со што се зголемува ризикот од дебелина, кардиоваскуларни болести, дијабетес и го нарушува здравјето на пациентите. Парацетамолот и нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) обично се прва линија на третман за блага до умерена болка кај пациенти со остеоартритис. Парацетамолот почесто се користи како хронична терапија во споредба со НСАИЛ, кои пак од друга страна, се користат при краткотрајни епизоди на болка поради тоа што кардиоваскуларните и гастроинтестиналните несакани ефекти поврзани со долготрајната употреба на НСАИЛ ги надминуваат придобивките од нивната употреба.

Најновата мета анализа на 74 рандомизирани плацебо- контролирани испитувања објавени во периодот меѓу 1980-2015 во кои биле вклучени 58.556 пациенти со остеоартритис, го споредува ефектот на 22 различни медицински третмани и плацебо врз интензитетот на болката и физичката активност.
Овие третмани вклучуваат различни дози на парацетамол и седум различни НСАИЛ. Парацетамолот, во било која доза, има многу мала улога во намалување на болката поврзана со остеоартритис (0-4%) и покрај тоа што според водичите за третман на остеоартритис претставува аналгетик од прв избор. Спротивно на тоа, одредени НСАИЛ како диклофенак, во максимални дневни дози од 150 мг/ден, е најефикасен во третман на болка и физичка попреченост и е супериорен во однос на максималните дози на најчесто користените НСАИЛ, вклучувајќи ги ибупрофен, напроксен и целекоксиб. Парацетамолот не го достигнува минималниот праг на клиничка ефикасност во намалување на болката кај пациенти со остеоартритис на колено и колк. Иако во споредба со плацебо е малку подобар, сепак тој нема никаква улога во третманот на пациенти со остеоартритис, без оглед на дозата.

Сепак, овие резултати не се воопшто неочекувани. Парацетамолот долго време се наоѓа на пазарот и притоа неговата ефикасност никогаш не била соодветно утврдена односно квантифицирана кај хроничните заболувања. Исто така, неговата безбедност се доведува во прашање и тоа не само во случаите кога станува збор за предозирање, туку и при неговата употреба во стандардни дози.

Постојат голем број на други различни лекови во различни дози кои што докторите може да ги препишуваат, но пациентите најчесто сами ги бираат лековите или прекинуваат со нивната употреба бидејќи првиот лек кој го земаат обезбедува недоволна контрола врз болката. Оваа студија може да им помогне на докторите подобро да се информираат за тоа како најдобро да ја менаџираат болката кај оваа популација

Total Shares 4

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD