Недостатокот на витамин Д може да го зголеми ризикот од рак на мочен меур

Недостатокот на витамин Д може да го зголеми ризикот од рак на мочен меур


Total Shares 0

Витаминот Д (калциферол) е од суштинско значење за организмот на човекот и освен во одржувањето на густината на коските, игра важна улога и во многу други невролошки и клеточни функции за кои е потребен калциум, како и за нормален раст и развој. Еден од изворите на витамин Д претставува исхраната која вклучува риба и рибино масло, млечни производи, печурки, црн дроб, жолчки од јајце. Сепак, поголемиот дел на витамин Д се синтетизира кога телото е изложено на сончева светлина. Ниските нивоа на витамин Д се поврзани со голем број на здравствени проблеми. Кај децата, тоа може да доведе до деформитети на коските, како рахитис. Концентрациите на витамин Д имаат тенденција да се намалуваат со возраста, а со тек на време, недостаток на витамин Д може да доведе до остеопороза, особено кај жените во постменопауза. Ниско ниво на витамин Д се поврзува со когнитивно оштетување, кардиоваскуларни болести, рак и автоимуни состојби.
Недостатокот на витамин Д е најчест кај луѓето кои имаат ограничена изложеност на сончева светлина. Ова ја вклучува популацијата од северните региони, каде што зимските денови се кратки и оние каде има многу топла клима и се избегнува излегување на отворено. Друга популација која е изложена на зголемен ризик е онаа која користи креми за заштита од сонце со висок SPF за да се избегнат изгорениците на кожата или рак на кожа, понатаму оние кои ја избегнуваат сончевата светлина, а исто така и луѓето со потемна кожа повеќе се склони кон ниско ниво на витамин Д. Прекумерното конзумирање на засладени пијалоци исто така може да има влијание врз нивото на витамин Д. Во САД, Центарот за контрола и превенција на болестите покажа дека во периодот меѓу 2002-2006 година, 8% од популацијата на возраст од 1 година или повеќе имаат зголемен ризик за дефицит на витамин Д, 24% се со зголемен ризик за несоодветни нивоа на витамин Д и само кај 17% забележани се нормални, посакувани нивоа. Околу 2.4% од мажите и жените во САД се очекува да развијат рак на мочниот меур. Тоа се смета 4.6% од сите нови случаи на рак и истиот е причина за 2.8% од смртните случаи настанати поради карцином.

Истражувачите од University of Warwick and Coventry во Велика Британија испитувале како синтезата на витамин Д може да влијае на имуниот одговор во одредени ткива. Бил извршен преглед на седум студии со цел да се испита врската меѓу витамин Д и рак на мочниот меур. Бројот на учесници по студија се движел од 112 до 1 125. Во некои од студиите нивото на витамин Д било измерено пред дијагнозата, во некои за време на студиите, а кај останатите во follow-up фазата. Пет од седумтте студии покажале дека ризикот од рак на мочниот меур се зголемува кога имаме ниско ниво на витамин Д. Повисоки нивоа на витамин Д исто така се во корелација со подобра стапка на преживување и подобар исход кај луѓето со рак на мочен меур. Истражувачите исто така ги испитувале и преодните епителни клетки, при што било откриено дека овие клетки може да бидат активирани и да одговорат на нивото на витамин Д и можат да синтетизираат доволно ниво на витамин Д со цел да се создаде локален имун одговор.

Преку препознавањето на абнормалните клетки пред истите да бидат развиени, имуниот систем може да биде во можност да ги искористи овие информации со цел да превенира појава на карцином. Она до кое што дошле до заклучок е дека ризикот од рак на мочен меур е во корелација со ниски серумски нивоа на витамин Д. Притоа, користењето на суплементи на витамин Д може да биде безбеден и економичен начин за превенција.

Ваквата корелација потребно е да биде тестирана, но сепак ваквите заклучоци укажуваат дека ниското ниво на витамин Д во крвта може да ги превенира клетките од мочниот меур од стимулирање на соодветен одговор кон абнормалните клетки. Со оглед на тоа дека суплементите на витамин Д се евтини и безбедни, неговиот потенцијал во превенција од карцином е важен и потенцијално може да има влијание врз животот на многу луѓе.

Total Shares 0

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD