На повидок првата вакцина против кламидија

На повидок првата вакцина против кламидија


Total Shares 1

Кламидија е една од најчестите сексуално преносливи инфекции во САД, со околу 2.86 милиони инфекции кои се јавуваат секоја година. Најчесто се пренесува преку вагинален, анален или орален секс со инфицирано лице. Постојат четири видови на оваа бактерија кои може да предизвикаат инфекција, од кои најчеста е Chlamydia trachomatis. Сепак, инфекцијата најчесто не е пропратена со симптоми и голем дел од луѓето не прават тестови за проверка за оваа бактериска инфекција. Како резултат на тоа, најголем дел од пациентите со кламидија не се свесни за инфекцијата па многу често истата останува нетретирана. Како таква може да има сериозни последици по здравјето, особено за жените. Може да доведе до пелвична инфламаторна болест и да предизвика голема штета за репродуктивниот систем, што резултира со долготрајна пелвична болка, неплодност или ектопична бременост. Во моментов, единствен начин да се намали ризикот од кламидија е употребата на кондом за време на сексуалниот контакт.
Податоците од спроведената студија од страна на Институтот за инфективни заболувања во McMaster Универзитетот во Канада во која бил вклучен женски глушец укажуваат на можност за развој на првата заштитна вакцина за оваа болест во светот. BD584 антигенот ги намалува симптомите при инфекција со кламидија за 95%. Според овие резултати, BD584 антигенот претставува кандидат за составот на вакцината против кламидија. Женскиот глушец бил имунизиран со овој антиген кој е составен од три T3SS протеини од C. trachomatis: CopB, CopD и CT584. Антигенот BD584 има потенцијал за заштита од сите видови на C. trachomatis, вклучувајќи го и видот кој предизвикува трахома – вид на очна инфекција. Доколку резултатите од испитувањата се покажат како успешни, тогаш оваа вакцина би се администрирала преку нос. Овој начин на администрација е лесен и безболен и за него не е потребен високо обучен персонал за администрација.

Вакцинацијата ќе биде најдобар начин за спречување на инфекцијата со кламидија и со помош на оваа студија се идентификувани важни нови антигени кои може да се користат како дел од вакцината за спречување или елиминирање на штетните последици од нетретирани инфекции.

Total Shares 1

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD