Креми за заштита од сончевите зраци покажуваат лимитирана ефективност кон заштита од UVA зраците.

Креми за заштита од сончевите зраци покажуваат лимитирана ефективност кон заштита од UVA зраците.


Total Shares 0

Сите производи за заштита од штетното зрачење се карактеризираат со одредена вредност за SPF (Sun Protection Factor). Оваа вредност всушност ја означува способноста на продуктот за блокирање на UVB зраците, кои се одговорни за предизвикување на стареење на кожата, како и црвенило и изгореници на кожата. Но SPF не дава никакви информации за можноста на продуктот за блокирање на UVA зраците кои не се филтрираат од страна на озонскиот слој и кои исто така можат да предизвикаат оштетување на кожата . Повеќето креми за заштита од сончевите зраци покажуваат лимитирана ефективност кон заштита од UVA зраците.

Научници од Универзитетот во Бат, Велика Британија развиле хемиска компонента (“mitoiron claw”) која овозможува огромно ниво на заштита од штетните ефекти од сончевите UVA зраци.
Истражувањето започнало така што човечки клетки од кожата биле изложени на еквивалент од 140 минути непрекината изложеност на сонце на морско ниво. Клетките кои не биле претходно третирани со “mitoiron claw” не преживеале, додека оние кои биле третирани со оваа нова хемиска компонента целосно биле заштитени. Оваа нова хемиска компонента ги заштитува клетките преку заштита на митохондриите на клетките, клеточни органели кои претставуваат главен извор на енергија за клетката и каде концентрацијата на слободно железо е особено висока. После изложеност на УВА зраците од сончевата светлина, вишокот слободно железо делува како катализатор за производство на токсични реактивни кислородни радикали (ROS) кои ги оштетуваат клеточните компоненти како што се ДНК, масти и протеини, што доведува до зголемен ризик од рак. Новата компонента го врзува вишокот на атоми на железо со што го спречува оштетувањето на клеточните компоненти односно ризикот за појава на рак на кожата.
Со откривање на заштитните дејства на оваа компонента , истражувачите се надеваат дека ова откритие наскоро ќе биде од корист на јавноста и дека оваа нова хемиска компонента ќе започне да биде дел од производи за заштита од сонце и производи за нега на кожата во рок од три до четири години. Освен во овие производи, оваа компонента може да се покаже како корисна во развој на терапии за болести кои вклучуваат митохондријална преоптовареност со железо, како што Фридрајховата атаксија.

Total Shares 0

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD