OTЦ Производ ID: #5168


Келтикан Форте



Количина:

> На залиха и спремно за испорака!


Информација за производот:

Total Shares 1

+1 Tweet1 Share PinTotal Shares 1Што содржи Келтикан Форте ? Во 1 капсула се содржи: Уридинмонофосфат 50 мг Фолна киселина 400 мг Витамин Б12 3 мг Помошни материи: микрокристална целулоза, желатин, боја железен диоксид (Е172), магнезиум стеарат, силициум диоксид. Келтикан Форте не содржи глутен, лактоза и конзерванси. Што станува кога нервите се повредени? Нашето тело […]

Total Shares 1

Опис на производ

Total Shares 1

Што содржи Келтикан Форте ?

Во 1 капсула се содржи:
Уридинмонофосфат 50 мг
Фолна киселина 400 мг
Витамин Б12 3 мг

Помошни материи: микрокристална целулоза, желатин, боја железен диоксид (Е172), магнезиум стеарат, силициум диоксид.
Келтикан Форте не содржи глутен, лактоза и конзерванси.

Што станува кога нервите се повредени?

Нашето тело е покриено со мрежа од нерви: тоа се нарекува периферен нервен систем. Ако тие нерви се повредат пр. при притисок, удари или поради долгогодишни нарушувања на размената на материите, како дијабет, може да се појават непријатни чувства.

Организмот може да ги „опорави“ повредените нерви преку своите внатрешни „ремонтни работилници“. За тие процеси на обновување е потребно исклучително многу време. Во тие случаи од голема корист е да се внесат во организмот определени материи кои влегуваат во составот на периферните нервни клетки и ја зголемуваат нивната спроводливост.

Како може да помогне Келтикан Форте?

Келтикан Форте содржи хранливи материи уридинмонофосфат, витамин Б12 и фолна киселина кои ги помагаат процесите на саморегенерирање на организмот.

– Уридинмонофосфат (УМФ) е најважното мегусоединение во биосинтезата на пиримидонските нуклеотиди, кои во форма на трифосфати (УТФ и ЦТФ) се коензими во редица процеси кои водат до синтеза на фосфатидилхолин, свингомиелин и други липиди, како и гликопротеини. Овие соединенија се основните структурни елементи на клеточната мембрана и поради тоа се од големо значење за правилно функционирање на нервниот систем. Поради тоа што има недостаток на соодветни ензими, нервните клетки се единствените во организмот кои не можат сами да синтетизираат соединенија кои содржат пиримидонски прстен, дополнителниот внес на уридинмонофосфат (УМФ) води до зголемено присуство на важните метаболно-активни уридин и цитидин фосфати. Тоа е од основно значење во рамките на процесот на обновување на периферните нервни клетки. Како целина, насоченото стимулирање на невронскиот метаболизам врз пиримидонските нуклеотиди ја зголемува брзината на спроводливост на нервите, ги подржува и забрзува физиолошките механизми за регенерација на периферниот нервен систем.

– Витамин Б12 е важен за клеточна делба, создавање на крвта, епителизација и регенерација. Витамин Б12 учествува во синтезата на пуринските и пиримидонските бази, нуклеинските киселини и протеини. Учествува и во синтеза на миелин и ДНК и е од суштинско значење за функционирање на нервниот систем.

– Фолната киселина во организмот е прекурсор ( трансформирањето настанува само во присуство на витамин Б12) на тетрахидрофолна киселина, која е коензим при голем број на реакции, особено во метаболизмот на протеини, нуклеински киселини и аминокиселини. Исто така фолната киселина игра голема улога при биосинтеза на фосфолипиди, невротрансмитери и хемоглобин.

Како треба да се користи Келтикан Форте?

Препорачана дневна доза е една капсула дневно помегу оброци со малку течност.
Продолжената употреба зависи од Вашите потреби. Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Келтикан форте се поднесува добро и при продолжена употреба.
Келтикан форте содржи животински желатин (свински/говедски) кои влегува во состав на обвивката на капсулата. Капсулите може да се отворат, и минитаблетите кои се наогаат во неа може да се испијат без самата капсула.
Келтикан форте е погоден и за дијабетичари.

Total Shares 1

Прегледи на производи

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD