Како да ја запрете треската…?

Како да ја запрете треската…?


Total Shares 0

Од медицинска гледна точка треската е контролирана хипертермија или покачена телесна температура, која е предизвикана од надворешни и внатрешни пирогени супстанции на воспаление, како и супстанци одговорни за елиминирање на треската. Со други зборови телото во период на воспаление создава материи кои генерираат повисока температура и на тој начин ја зголемува ефикасноста на борбата против патогените, ритамот на дишењето и чукањето на срцето, додека истовремено го подобрува снабдувањето на ткивата со кислород и го интензивира на метаболизмот. Покачената температура (39 °C) сама по себе ја инхибира активноста на бактериите, па затоа станува збор за корисна реакција. И покрај тоа што е корисен процес, треската е крајно непријатна, често оставајќи го пациентот неспособен и соочувајќи го со многу потешкотии. Токму затоа многу семејства имаат свои добро проверени методи или лекови кои ги користат за намалување на треската и ги најчесто веднаш ги спроведуваат.
Според најновите медицински упатства, не треба секогаш автоматски да ја намалиме треската, особено поради нејзините предности наведени погоре. Меѓутоа доколку треската е придружена со сериозна слабост и изнемоштеност, лекарите ќе ви препорачаат сузбивање на истата.

Би сакале да ви претставиме една активнасостојка од растително потекло, која исто така може да стане дел од Вашата домашната аптека.

Кората од бела врба традиционално се користи поради своето антивоспалително, антипиретско и дејство против болка. Нејзината главна состојка е салицин, додека другите супстанцикои ги содржи како салицилати, полифеноли и флавоноиди исто така играат улога во намалување на воспалението или од ослободување на медијаторите на треска. Активната состојка на добро познатиот Aspirin® е еден вид на салицилна киселина, ацетилсалицилна киселина, но оваа состојка организмот веднаш ја употребува. За разлика од нејзе, салицилатите кои се дел од белата врба најпрво се трансформираат во салигенини под влијание на цревната флора, а дури потоа во салицилна киселина и на тој начин не се иритира мукозната мембрана на желудникот. Катехинот кој исто така е дел и од зелениот чај е значаен антиоксидант кој може да помогне во редуцирање на оксидативниот стрес кој се појавува при воспалението, преку неутрализирање на слободните радикали.

Нејзините анестетски ефекти се докажани од страна на неколку плацебо контролирани студии, што значи дека примената на кората од бела врба е добра опција за ублажување на болките кои се придружни при состојба на грип.

Уште една состојка од природната аптека, црниот бозел, исто така може да се користи во зимскиот период во случај на настинка и грип, што во поново време не е поддржано само од традиционалните искуства туку и од научни истражувања. Истражувањата потврдија дека црниот бозел помага во спречување на вирусот на инфлуенца, но исто така ги ублажува и скратуваат симптомите како треска, ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем и на тој начин му помага на телото во борбата против грипот.

Не заборавајте да внесувате доволна количина на течности и да одмарате кога имате треска!

Внимание!

Производите кои содржат салициска киселина не се препорачуваат за деца под 10 годишна возраст!

Салицилатите кои се наоѓаат во кората на белата врба и може да влијаат на ефектот на антикоагулантни лекови и затоа не се препорачува истовремена употреба!

Примената на кора од бела врба не се препорачува на оние кои се осетливи на Aspirin®, пациени кои имаат проблеми со бубрезите, оние кои користат нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИД), бремени жени и доилки!

Примената на производи кои содржат црн бозел не се препорачува за лица осетливи на растенија од фамилијата crucufer, пациенти кои страдаат од автоимуни заболувања, оние кои се под имуносупресивна терапија, како и деца под 3 годишна возраст!

Total Shares 0

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD