Долготрајна употреба на аспирин го намалува ризикот од колоректален карцином

Долготрајна употреба на аспирин го намалува ризикот од колоректален карцином


Total Shares 3

Аспиринот претставува лек кој веќе се користи од страна на огромен број на пациенти за намалување на ризикот од кардиоваскуларни пореметувања и мозочен удар. Тој има антитромботичен ефект, штити од дијабетес, деменција и компликации во бременоста (пре-екламсија). Но, најновите истражувања кои вклучуваат повеќе од 135.000 пациенти покажуваат дека постои можност лекот да има голема улога во превенција и третман на канцер. Редовна, долготрајна употреба на ниски дози на аспирин може да го намали ризикот од појава на гастроинтестинални карциноми, особено колоректален карцином (КРК).
Новите сознанија за употребата на аспирин за превенција од колоректален канцер произлегуваат од две големи кохорт студии и повеќе од 30 години следење на ефектите од аспиринот. Првата студија е во периодот 1980-2012 и биле вклучени 88.084 жени, а во втората студија која се одвивала 1986-2012 биле вклучени 47.881 мажи. Истражувачите идентификувале случаи на карцином со помош на National Death Index (NDI) и земале податоци за типот на карциномот, стадиумот на билеста и хистологија од медицинската евиденција.
Во текот на 32 години на следење и проучување идентификувани се 20.414 случаи на карцином кај жените и 7571 случаи на карцином кај мажите. Кај пациентите кои редовно користеле аспирин потврден е 3% помал ризик за појава на секаков тип на карцином, 15% помал ризик за гастроинтестинални карциноми и 19% за колоректален карцином во споредба со популацијата на пациенти која не применувала редовно аспирин (администација на аспирин само два пати неделно или воопшто). Намалувањето на ризикот за гастроинтестинални карциноми за 15 % всушност претставува спречување на 29.800 случаи на ГИТ карцином секоја година, со редовна употреба на аспирин, а исто така и намалување за 25% на смртните случаи поврзани со канцер. Резултатите биле слични и кај жените и кај мажите и не се промениле кога во анализата биле вклучени 11 фактори поврзани со карцином. Овие фактори вклучуваат возраст, Body Mass Index (BMI), семејната историја, репродуктивните фактори и пушење. Понатамошните анализи покажале дека редовната употреба на аспирин може да ја спречи појавата за 17% на КРК кај луѓето постари од 50 години кои не подлежат на колоноскопија и за 8,5% кај оние кај кои се извршува колоноскопија. Ефектот од редовната употреба на аспирин врз појавата на КРК е дозно-зависен. Минималното времетраење на редовна употреба на Аспирин за да се забележи ефектот изнесува 6 години. Редовното користење на аспирин не е поврзано со ризикот за рак на дојката, простатата или карцином на белите дробови. Овие податоци презентирани на Европскиот конгрес за карцином 2015 укажуваат дека употреба на ниски дози на аспирин после дијагноза на гастроинтестинален карцином речиси двојно ја зголемуваат стапката за 5-годишно преживување на пациентите.

Се препорачува долготрајна дневна терапија (најмалку 10 години) со ниски дози на аспирин за превенција од кардиоваскуларни болести и колоректален карцином кај возрасни од 50-69 години кои имаат зголемен кардиоваскуларен ризик.

После соодветна консултација со здравствено лице кое може да го процени ризикот за појава на КРК кај одреден пациент како и потенцирање на добрите и лошите страни на редовна употреба на аспирин, се донесува одлука дали е неопходно редовното користење на аспирин. Со оглед на тоа дека станува збор за лек кој е долго на пазарот со релативно малку несакани ефекти, овие најнови сознанија ќе имаат големо влијание врз здравствените системи, како и врз пациентите. Неговите здравствени придобивки ги надминуваат можните ризици од негова употреба како што се гастроинтестинално крварење и хеморагичен мозочен удар, што овозможува да биде еден вид на надополнување на другите стратегии за превенција од канцер.
.

Total Shares 3

Leave a Comment

Сподели мислење


Cartinorm+D3

Cartinorm+D3

БЕШЕ 1,390MKD 1,290MKD

Babytol D3+K1

Babytol D3+K1

БЕШЕ 310MKD 280MKD

Келтикан Форте

Келтикан Форте

БЕШЕ 590MKD 540MKD

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

Beta Carotene 9000 IU (100 гелкапсули)

БЕШЕ 699MKD

Stress Management B-Complex (100 таблети)

Stress Management B-Complex (100 таблети)

БЕШЕ 950MKD 700MKD

Pulmint инхалатор

Pulmint инхалатор

БЕШЕ 77MKD 65MKD

PROBalans

PROBalans

БЕШЕ 425MKD 380MKD

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

Крема со црвен лозов лист и див костен РЕГИНА

БЕШЕ 155MKD 130MKD